КОИ СЕ “ЕКСПЕРТ” КУРТОН БРАНИТЕЛИТЕ ОД РЕЖИМОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ?

0
4720

Никола Груевски немаше да воспостави ваков режим и немаше да му успее неговата сурова пропаганда доколку не постоеја т.н. интелектуалци, “експерти”, па дури некои од нив и станаа Универзитетски професори последниве десетина години. Редакцијата на OhridSky ќе се обиде да даде краток осврт на дел од овие самопрогласени експерти кои исто така имаат голема улога во уништувањето на Македонија како држава, помагањето на Грујо во уништување на голем број на интелектуалци со десна определба и замајувањето на народот со нивните квази анализи.

Оливер Андонов
Еднодневниот министер Оливер Андонов, според информациите на редакцијата е добро познат шетач по партии. Пред да стане добар за Груевски, Оливер бил член на ВМРО НП. Неуспешно се обидува да се вработи на Факултетот за безбедност и на Воената академија со години, редакцијата на OhridSky дојде до Билтен 65 од 16 декември 2013 година на Воената академија во кој стои, цитираме: “кандидатот под реден број 1 во конкурсната документација нема доставено копии од објавените научни и стручни трудови, поради што комисијата не беше во состојба да изврши евалуација на истите и истиот го иззема од натамошно рангирање и евалуирање”. За него е познато само дека во 2010 година, на Филозофскиот факултет, ја одбранил докторската дисертација на тема: Моделот за рано предупредување на Европската унија и неговото влијание врз безбедносната политика на Република Македонија.
Негова биографија тешко се наоѓа, зошто ја крие и сами не знаеме. Добрите познавачи на состојбите во високото образование за редакцијата коментираат дека биографијата му е шуплива како што е шуплив и самиот тој. Бил вработен на МИТ Универзитетот од каде што е избркан заено со Тони Науновски.

Александар Даштевски
Големиот експерт Даштевски својата титула м-р на науки ја стекнува во 2010 година на Универзитетот Американ Колеџ, каде што еден од главните ликови е Томе Неновски, член на фамилијата, додека пак титулата д-р на науки ја стекнува истата година 2010 и тоа на Институтот “Евро-Балкан”, кај добро познатиот режимски слуга и соросоид Јован Донев. Каков гение е Даштевски доволно говори фактот дека на свои 48 години во една година успева и да магистрира и да докторира и тоа во двата случаи кај режимски слуги. Моментално работи на Универзитетот за туризам и менаџмент кај уште еден режимски слуга Аце Миленковски.
За Даштевски веќе е јасно зошто ја крие својата биографија, ваков гение кој во една година и магистрира и докторира светот не познава, редакцијата на OhridSky има намера да му предложи на кабинетот на Хорхе да го верификува овој огромен успех на Даштевски и да го избере за млад научник на годината.

Филип Петровски
На јавноста и е познат како тепачот од ЊуЈорк кој обожаваше да ја брука Република Македонија со своите скандали. Пред некоја година од силен противник на Груевизмот, заедно со Даштевски стануваат негови најголеми бранители. Има докторирано на УКИМ. Пред неколку години Даштевски како директор на Универзитетот “Евро-Балкан” во Скопје му дава титула доцент и тоа без ниеден научен труд. Единствените публикации кои ги наведува Петровски се неговите колумни издадени во четири книги. Минатата година јавноста ја тресеше скандал кога Петровски пак спротивно на Закон, онака мафијашки, се обиде да се вработи на Институтот за национална историја.
Освен клипови по ФБ и YouTube, никаде на интернет неможе да се најде биографија на Филип Петровски, т.е. и тој спаѓа во групата на “интелектуалци” кои си ги кријат биографиите.

Тони Науновски
Уште еден бранител на режимот ја крие својата биографија како што змијата ги крие нозете. За овој “научник” скоро и ништо да не е познато, негови трудови или други податоци не можат да се најдат никаде, единствено е познато само дека бил избран за доцент на Универзитетот МИТ, од каде што пред некоја година е избркан од работа заедно со еднодневниот Андонов.

Златко Кесковски
Телохранителот на покојниот Претседател Борис Трајковски, се преставува како доктор на науки, вработен замислете на ФОН Универзитетот. Златко Кескоски завршил ММ-колеџ во Скопје, институција која никогаш не била признаена од страна на надлежните органи на Република Македонија, што значи дека практично нема факултетско образование. Потоа, магистрирал и докторирал надвор од Република Македонија и на сомнителен начин успеал да ги нострифицира стекнатите дипломи. Имено, во постапката за нострификација на диплома за магистратура или докторат стекнат во странство задолжителен документ е дипломата за завршен факултет, која Кесковски ја нема. Спротивно на Законот за високо образование е избран за доцент на ФОН Универзитетот, секако со амин на сопствениците и големи “опозиционери” Фијат и Сефер.

Никола Србов
Ова момче се појави пред нецела година како верна сенка на Филип Петровски. За него многу малку се знае, освен неговите паушални и смешни настапи на режимските телевизии. Се преставува како историчар и експерт, но позади себе освен политички квалификации и деградирање на луѓе нема ништо вредно оставено до сега. И ова момче како змија нозете ја крие својата биографија.

Александар Пандов
Пандов си е Пандов, ваква будала еднаш мајка раѓа. Редакцијата на OhridSky нема што да коментира за овој медиокритет кој без ниеден ден чесна работа се преставува како “експерт”.

Татјана Каракамишева
Овој “експерт” цел свој живот му го должи на Саво Климовски и на полтронството кон него. Редакцијата на OhridSky не можеше да најде нејзина биографија никаде. Редовен професор е на Правниот факултет во Скопје, но според нашите сознанија има скормна биографија што може да се воочи и од најслабиот прабарувач на научни трудовhttps://scholar.google.com. Според наши сознанија се преставува како правен експерт, а има докторирано на факултет на кој воопшто нема правни студии.

Извор : Охридскај