Кога нуклеарна будала ќе биде лидер на најголемата светска сила истата ќе ја ЗАРОБИ ВО СТАКЛЕНО ЗВОНО И РАСКАРА СО СВЕТОТ – Трамп: Ќе градиме ѕид на границата со Мексико

0
417

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, потврди дека ќе нареди изградба на ѕид на границата со Мексико, а наредните денови се очекува да потпише неколку извршни наредби кои се однесуваат на имиграцијата и безбедност на границите.

„Во план е голем ден за националната безбедност. Меѓу многуте работи, ќе изградиме ѕид,“ објави синоќа Трамп на Твитер, пренесува британски BBC.

Изградбата на ѕидот долг 3.218 километри долж границата со Мексико беше едно од главните ветувања на Трамп во тек на изборната кампања.trump

Весникот New York Times објави дека Трамп неделава ќе издаде забрана за издавање визи на лица од Сирија и други исламски земји „склони кон тероризам“.

Ограничувањата за имиграција ќе се однесуваат на седум африкански и блискоисточни земји, вклучувајќи ги Сирија, Јемен и Ирак.

Трамп ги разгледува деталите на плановите за ограничување на пристигнувања на бегалци во САД. Сегашниот предлог предвидува најмалку четиримесечен прекин на прифаќање бегалци, како и привремена забрана за луѓе од некои муслимански земји.

Американскиот претседател во кампањата говореше дека ќе ја заостри американската миграциона политика, вклучувајќи и јакнење на граничната безбедност и сопирање на приливот бегалци.

Се очекува, меѓу другото, да најви планови за кратење на финансиски средства за градовите кои нема да апсат или притвораат имигранти кои живеат илегално во САД, што би можело да значи милиони долари помалку за некои градски управи.

СПОДЕЛИ