Коалиција за Промени и Правда: На криминалците од власта ќе им отвориме бизнис центар во Идризово и таму во наредните 20 години нека си тераат бизнис

0
339

Со слоганот „Не се плашете, режимот ќе падне!” Коалиција за промени и правда-Трет блок предводена од Демократскиот сојуз, од Скопје ја стартуваше изборната кампања. Уште на првиот ден најавија демонтажа на режимот и на криминалот. Според лидерот на ДС, Павле Трајанов и носител на листата во ИЕ 1, партијата и нивните кадри, на дела го покажале патриотизмот уште во 90-тите години кога ги удриле темелите на државата. Од говорницата Трајанов „му објави војна на криминалот”.

– Тогаш, ја испративме ЈНА од Македонија без зрно барут, ги преземавме границите и обезбедивме ефективна власт над целата територија. Тоа се дела! Пред две години најавивме дека мора да има одговорност за раководството на ВМРО – ДПМНЕ, кое државата ја урниса и го ограби народот , а најмладите, најспособните, ги принуди да заминат во странство.  Ќе се справиме со мафијата! Им порачувам, ако и натаму ги држи „желбата” и алчноста за пари, имам решение за нив: Ќе им отвориме бизнис центар во Идризово, таму ќе ги собереме сите нив, каде ќе можат следните дваесет години да “заработат” и да бидат пример за сите функционери ако го крадат народот каде ќе завршат – изјави Трајанов.

mkd-294291

ој пред граѓаните ги презентираше итните економски мерки за стабилизација на економијата, спречување на иселувањето и намалување на сиромаштијата.

– Наместо манипулации со некакви 5% наводно вонредно зголемување на пензиите, кое во суштина е усогласување со растот на платите, ние обезбедуваме најниска пензија од 200 евра. Ќе предвидиме 2% од Буџетот за вработување на младите, за да не ја чекат пензијата од своите дедовци и баби или од родителите, туку сами да создават и градат. Имаме програма за отварање на мали фирми во кои ќе се вработат над 90.000 невработени млади и способни кадри и ќе ги повикаме најспособните наши менаџери од странство да дојдат во Македонија. Од буџетот ќе издвојуваме над 800 милиони евра за развој. Ќе овозможиме исти услови за бизнис на домашните и странските компании, кои инвестираат и отвараат нови работни места. Направивме анализа, која покажува дека има потенцијал најниската плата да биде 300 евра, за да се зголеми продуктивноста и условите за нормален живот. Тоа ќе ги раздвижи и замисли странските компании, да го ценат трудот на работниците во нивните фабрики, каде платите се едвај 150 евра, а придонесите ги плаќаме сите ние, вклучително и тие од текстилната индустрија кои едвај добиваат по 100 евра месечна плата – додаде лидерот на ДС.

Носителот на листата во ИЕ 4, Слободан Богоевски, изјави дека после првите демократски избори во Македонија во 1990 година, на сите други избори народот гласал од очај, казнувајќи ја едната или другата власт, за злоделата што ги правеше. Народот немал избор, освен да ги казнува. На власт се менуваа две партии кои го затвориле кругот на македонската несреќа.

– На 11 декември 2016 година, народот ќе има можност за прв пат по 1990 година да гласа за народни пратеници, а не за поданици. Пратеничката листа на Коалицијата за промени и правда е од слободни луѓе од сите социјални слоеви, национална и верска припадност. Листата е израз на нашата програма и целите кон кои се стремиме. Листата на режимот е список на поданици кои фамилијата на власт ја составила од менични должници, кои си ја продале слободата и честа, а лојалноста ја гарантираат со меници – додаде Богоевски.

Како што посочија од Коалицијата- девојките, младите мајки и жените, интелектуалките , ќе добијат свој репрезент во Собранието по 11 декември. Носителката на изборната листа во ИЕ 3 м-р Весна Стоименовска порача дека ќе се работи на враќање на редот во државата.

– Aко законите на важат за најповиканите и оние кои ги креираат, зошто да важат за граѓаните… и тука веќе влегуваме во една опасна ситуација која дава анархично владеење, буквално, безредие. Го бараме Вашиот глас, за да се случат промени и во Македонија да го донесеме она по кое младите ни трагаат надвор. Го бараме Вашиот глас за да го запреме иселувањето и оние кои заминале да не се колебаат да се вратат во својата татковина бидејќи животот кој го живеат таму ќе го имаат и тука – порача Стоименовска.

Лидерот на ФРОДЕМ и носител на коалициската листа во ИЕ 2- д-р Јове Кекеновски, изјави дека тие имаат јасни заложби и визија, кои не им се допаднале ниту на оние од ДПМНЕ и од СДСМ, па за чудо како што посочи Кекеновски, и на онаа инстант коалиција од ретуширани политичари ,,Однесени од виорот” кои сметале дека само тие имаат исклучиво право да дејствуваат како десница.

– Ние за разлика од останатите, Ви нудиме едуцирани, стручни и пред се чесни кандидати за пратеници. Значи не ви понудивме кандидати за пратеници на кои функцијата пратеник им е потребна за да после го дозавршуваат факултетот ,како на пример онаа не сам знајала, или пак од позиција на министер ќе магистрираат или докторираат – како онаа бивша министерка вплеткана во сите афери за да на крај да стане и таа жртва на своите во аферата со прислушкувањето на скоро 6000 личности. Од оваа афера како и од најголемиот во историјата македонски барон Минхаузен се згнасија сите, па дури и канцеларката Меркел – додаде професорот Кекеновски.

Коалицијата во својата изборна програма наведува дека за партизираното и корумпирано судство ќе има царски рез, сите тие што суделе во монтирани процеси и ги полнеле џебовите делејќи неправда, ќе си заминат. До правда тешко доаѓал обичниот граѓанин, и затоа таксите за остварување право пред судовите ќе бидат симболични – само 100 денари, наместо како досега над 10.000 евра.

Коалицијата ветува дека ќе ги деблокира евро-атланските процеси и со гордост најавува дека Македонија под Уставното име, ќе биде полноправна членка и на НАТО и ЕУ.

На крајот од својот говор, Павле Трајанов нагласи дека на 11-ти декември граќаните одлучуваат “да се биде или не”, повикувајќи ги да гласаат за кандидатите за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда.