КЛОП ГИ ШОКИРА НАВИВАЧИТЕ НА ЦРВЕНИТЕ : Јунајтед има подобар тим од Ливерпул

0
284

По ремито со Вест Хем, се огласи легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој имаше што да им соопшти и порача на навивачите на неговиот тим.

Тој смета дека Ливерпул мора да игра многу подобро ако сака да ја освои титулата што воопшто не е лесно бидејќи составот е лимитиран. Но, најмногу ги заболе тоа што смета дека Јунајтед има подобар тим во моментов.

„Реков дека Јунајтед има подобар тим од оној на Ливерпул. Луѓето сметаат дека тоа е чидно, но мислам дека сега можат да ја видат разликата. Клоп направи грешка што како десен бек го стави Клајн. Кеита е скапо платен, а игра слабо и продолжува да губи топки. Фирмино не личи на себе, а од Салах против Вест Хем не видовме ништо“, рече Карагер.

По 25 кола, Ливерпул води во Премиер лигата, но сега има само три бода повеќе од Сити.