Кич, лаги и видео ленти

0
440

(…)

ДПМНЕ се обидуваат да направат нешто непростиво – да лажат и дафалсификуваат моменти од современата историја , за да се вградат себеси, онака како што сакаат да изгледаат . Како Сталин или Кинезите во културната револуција – прекројуваат слики и настани.

Никој не смееше да „прдне“ од страв од ЈНА

Ќе се задржам на еден драстичен пример за оваа погубна пракса за националната меморија, која ДПМНЕ си ја дозволува. Како функционираше и кој беше кој во првата македонска, експертска влада на Никола Кљусев?

Јас во неа бев министер без ресор, со триесет и две-три години и бев сведок,практично, на сите одлуки кои ги донесе таа влада. Владата на Кљусев немаше партиско-политичка потпора во парламентот и зависеше критично, до детаљ, од поддршката на Киро Глигоров и неговото влијание во Собранието. Преку него,индиректно, таа ја добиваше поддршката од парламентарците за одлуките што ги носеше. При првиот обид тоа да го провери, со гласање за доверба, таа влада падна,бидејки сите пратенички групи се дистанцираа од неа.

Сите владини одлуки ги одобруваше Глигоров, за да поминат во парламентот. Тој лобираше кај СДСМ, кај либералите и кај ДПМНЕ, за да поддржат некоја одлука. Да се случеше владата самоиницијативно да предложи одлука во парламентот, сите партиски пратенички групи (ДМНЕ, СДСМ, либералите, ПДП и останатите) ќе ја изгледаа како „крава мртво теле“ и ќе ја обореа одлуката, ако воопшто ја ставеа надневен ред (од инает, ако не од друго). Владата беше непопуларна во парламентот.

Поради тоа, како што сведочев неброено пати, Кљусев и Блаже Ристовски понекогаш со тефтерчиња одеа кај Кирота и запишуваа „ шта им је радити“, молеа за помош и лобирање некоја одлука да помине, а најголем број од иницијативите беа, всушност, од Глигоров. Спрема тоа, правењето драма околу улогата на таа влада, без да се спомне Глигоров, е бесрамна травестија и фалсификување на историјата.

Од друга страна, мора да се има предвид и ситуацијата – закана од ЈНА и операцијата„Опера“ – со кои бевме соочени во тоа време. Страв ги имаше зафатено сите, посебно постарите членови на владата. Тие не „прднуваа“ во владината сала, од страв ЈНА да не ги слуша, а не да се осмелат да носат самостојни одлуки или да даваат изјави во јавноста . Се се одвиваше во стивнато заедништво, со истурање напред напретседателот Глигоров и на неколку личности од министрите (на нивен соптствен ризик и без поддршка). Оттаму, крајно смешно е она геријатриско перчењето на некои маргиналци, дека тие му туриле под нос на Глигоров список, тој да избира премиери,или дека имале било каква друга, освен чутеечка улога (можеле да мрчат по кулоарите, ама тивко, ЈНА да не ги чуе).

Кој беше кој во владата на Кљусев?

Кој беше кој во владата? Надворешната политика скоро целосно му беше отстапена на Глигоров, со оперативно полномоштво за Малевски и тоа функционираше како издвоен сегмент од владата. Клучниот момент на мирното повлекување на ЈНА во1992 година од Македонија го одработи Глигоров (на масата за преговори, во вилата на Водно, бевме уште Кљусев, Андов,јас и некои воени лица).

Оперативното економско-финансиско преживување на државата, целата работа воекономијата и нејзиното функционирање во полувоени, екстремно тешки услови, тогаш од владата ја водеше Јован Андонов, во консултација со Кљусев и со Глигоров. Малку се мешаа тогашниот гувернер и, строго како извршител, министерот за финансии Тошевски.

Политичките реформи , пред се Уставот, ги работев јас, со Лазар Китановски и соВладо Поповски. Бевме скоро целосно оставени сами на себе. Јане Миљовски го почнуваше проектот за приватизација во Македонија. Декларацијата за самостојност ја одработи главно Стојан Андов, во консултација со Глигоров.

Точно е тоа што го вели Андов, дека имаше резерви и во владата и во ДПМНЕ за рефрендумот за самостојност (и тоа беше основано, не е за обвинување), бидејки со присуство на ЈНА и имајки ги предвид збунетоста и стравот на граѓанството (се проценуваше дека Албанците може да не излезат, што и се случи), резутатот од референдумот можеше да биде тесен. Тоа ќе го зголемеше притисокот наМилошевиќевска Србија кон нас и ќе ни создадеше повеке, а не помалку проблеми. Ни требаше резултат со голема маргина за „самостојност“, која немаше да остави дилеми и основ за притисок од север.

Но, од друга страна, референдумот беше силата на осамостојувањето и беше неопходен. Затоа моравме да го конструираме прашањето така несмасно, но без повреди на самостојноста (самостојна држава ионака може да одлучи што сака и со кого сака да прави сојуз). Тоа прашање го правевме во мојот кабинет, како и плакатите за референдумот, со М. Х . Пуља (наспроти изјавите на онаа тушлана). Резултатот на таа операција и направените предвидувања беше повеќе од одличен.

Геријатриска комедија

А на епизодата со „одземањето списоци на регрути за ЈНА“, посебно ќе се задржам,заради елементите на геријатриска комедија во неа. Никој од владата ( ни јас ) незнаевме за подготовките на таква акција. До тогаш имаше неколку обиди на БорисЗмејкоски за враќање на наши регрути од фронтовите во бивша Југославија и тоа беше вредно за почит. Никој од владата (ни Глигоров) не писнуваше за тоа што ќе се случува со нашите деца, ако бидат масовно збирани од воената полиција на ЈНА. Единствената јавна изјава да не се одзиваат на мобилизацијата и на повиците за регрутација ја дадов јас (без консултација со никого) , во интервју на МТВ со Јадранка Костова. За тоа не ме подржа ниту Глигоров (одмолчи), а Кљусев ме подржа индиректно – „сум бил млад и сум имал право на свое мислење“.

Тоа беше се! Акцијата за одземање на списоците на нашите регрути потоа ја организираа двајцата потсекретари во МВР (иако јас не ги „обичам“ нив, тоа е вистината ) и некои млади полицајци и воени лица со пониски чинови (меѓу кои и мојот покоен другар Душко Димитров). Комичниот дел од сторијата е што после акцијата,Кљусев и неколку министри се криеја, демек, од реакцијата на ЈНА, во т.н. сигурни куќи на Водно. Тие „сигурни“ куќи беа сите на КОС и таму можеа најлесно да бидат фатени.Но, тоа беше филмски фолклорно. Ептен влегоа во филм, овие повозрасниве господа!

Почестите, гледам, денес ги примаат други лица, но – „почестите знаат да обесчестат“!

Се друго беше на маргините, драги мои, во тогашната влада. Какви академици, какви бакрачи! Тие не дишеа, имено прашуваа дали да дишат! Колку сакаат нека се„потсетуваат“ на храбрите денови, јас им ги знам лицата и срцата во тие денови. Јас ги гледав секој ден, а и никој не ги третираше сериозно.

Тоа е тоа! Нека слават до сто и една. Ако ДПМНЕ нема му.. да се соочи со вистината исо вистинските актери и настани, неговата конструкција на историјата ќе трае колку и неговата власт . Ни секунда повеќе!

Љубомир Д. Фрчкоски

(Колумната првично е објавена на Плусинфо на 10.09.2011)

Извор: Либертас