Кире Наумов: Не сум ставил потпис на ниту една одлука на Ставрески

0
160

Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик министер за согласност и потпис, вели Кире Наумов, претседател на Комисијата за финасии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финасии.

Во пресрет на утрешната аукција на државни хартии од вредност, сите наредни аукции, а се разбира и веќе завршените, оваа информација сметам дека треба да ја имаат во предвид сите домашни кредитори, вели Наумов во денешното соопштение.

„Ги известувам учесниците на домашниот пазар на капитал дека Владата на РМ ги поништи сите одлуки во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика кои се без потпис на Дополнителните заменици министри. За да ја оправда оваа одлука нема да биде изненадување во наредниот период овој состав на Владата ако ги поништи и одлуките во Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се без согласност од дополнителните заменици министри“, се вели во соопштението.