Кекеновски: Три во едно

0
318

Зошто ДУИ ги повлече сите функционери од извршната власт?

Според мене се работи за комбинација на неколку ситуации и елементи:

1. Дефокусирање на јавноста и овозможување на кривичниот совет, без многу галама во јавноста, да ја преиначи мерката притвор на началниот на V –тата управа во МВР, значи одработување за Груевски

2. Внатрешна кавга околу моралните вредности на функционерите на ДУИ – шанса да се расчисти со функционерите кои цело време досега биле на функција и на кои им е нарушен имиџот и нивна замена со нови лица најдоцна до вторник, се со цел да се спаси што може да се спаси во пресрет на претстојните избори.

3. Со напуштањето на функциите од страна на функционери на ДУИ, истовремено заеднички од ДПМНЕ и ДУИ да се врши притисок да се реализира брза истрага и да бидат притворени лицата кои овозможиле пуштање во јавност на снимените приватни разговори на фунционери на ДУИ и останати поттрчковци на ДПМНЕ. На тој начин целта е да се направи што е можно поголема штета на опозицијата во очекување на други обвиненија од СЈО кон функционери од власта.

Значи три во едно: 1. одработување за коалициониот партнер, 2. обид да се морализира, чистење на образот на своите функционери и нови лица за нова победа и 3. барање казна за пуштените снимки од приватните разговори, кочница за залетаната опозиција и да се спаси што може да се спаси пред новите обвиненија на СЈО.

Се друго е само фантазија, шпекулација и лични желби.

Јове Кекеновски – Фејсбук статус