Квинтин Оливер, Stratagem International: Јас сум Ирец од Северна Ирска, вие ќе бидете Македонци каде и да живеете

0
289

Пишува: Зоран Милошески

Деновиве во посета на Здружението на воени резервни обврзници (ЗВРО) учесници во конфликтот 2001/2002, престојуваа претставници на организацијата Stratagem International од Северна Ирска.

Stratagem International, е консултанска организација за стратешки политички прашања и комуникации, со богато искуство од целиот свет, специјализирана за политички комплексни и несигурни услови. Нивната работа се заснова на искуство и разбирање, односно на тоа дека оние кои живееле, работеле и успеале во нестабилно, несигурно и комплексно опкружување, можат најдобро да им помогнат на клиентите во разбирањето на таквото опкружување.

Присуството на претставниците на Stratagem International, беше можност претседателот на ЗВРО 2001/2002, Рубин Секулоски, да ги запознае гостите со општата ситуација во градот и регионот за време на конфликтот од 2001 година, како и условите во кои егзистира здружението во постконфликтниот период. Тој потенцираше дека околу 5.000 граѓани од Прилеп и поширокиот регион зеле учество во воениот конфликт, но дека во изминатите години општината и државата им свртела грб на бранителите и бескрупулозно ги манипулирала.

Повеќе за оваа објава ќе може да прочитате на следниот линк ОВДЕ