Кафето помага во борба против ракот на дебело црево

0
398

Секојдневното пиење кафе значително ја намалува можноста за враќање на ракот на дебело црево и ги зголемува шансите за оздравување, покажуваат резултатите од американското истражување.

Сите пациенти во текот на клиничкото истражување имаа хирушки зафат и хемотерапија поради рак на дебелото црево во трет стадиум, што покажува дека канцерогените клетки ги зафатиле и лимфните јазли во близина на туморот, пренесува порталот Магазин.

За тие лица научниците велат дека дневно пиеле намалку по четири шолји кафе секој ден (околу 460 милиграми кофеин) и тврдат дека кафето имало најголем ефект во смалување на опасноста за враќањ ена карциномот и тоа за 42%.

Истражувањето се однесувало на околу илјада учесници кои одговориле на прашалник за своите прехрамбени навики на почетокот на истражувањето, во текот на хемотерапијата и година дена подоцна.