Катица Јанева бара измени на Законот за заштита на сведоци за да навлезе во сржта на предметите „Мартин Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“

0
442

Катица Јанева на денешната прес-конференција на која се одржа презентација на вториот шестмечесен извештај од работата на Специјалното јавно обвинителство изрази подготвеност да го презентира извештајот пред Советот на јавни обвинители и во Собранието на Република Македонија.

Јанева апелираше Собранието да ги донесе поднесените измени од неа на Законот за заштита на сведоци за да може СЈО да навлезе во сржта на предметите „Мартин Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“.