КАТА ГО РАСШТИМУВА РЕЖИМОТ НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ : На Горан Грујевски му е одземен пасошот

0
993

На поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујоски му е одземен пасошот. Судија на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното обвинителство, кое бараше притвор за Грујоски, наместо тоа му е одземена патната исправа, јави Телма.

Горан Грујоски е осомничен во случајот „Тврдина“, дека го организирал уништувањето на опремата за прислушување во МВР. Освен него, во случајот Тврдина, осомничена е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и уште три лица вработени во МВР.

Грујоски и Јанкуловска денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје.