Каролина: Немам намера да го тужам Град Скопје

0
189

По објавите дека менаџерот на Каролина, Авалон продукација, ќе го тужи Град Скопје поради откажување на новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, преку социјалните мрежи се огласи Каролина, која истакна дека нема намера го тужи Градот и ја подджува иницијативата.

„Би сакала да се оградам од некои наводи дека јас, како Каролина Гочева имам намера да го тужам Град Скопје за откажувањето на Новогодишната прослава. Баш напротив, сметам дека е добро што парите се пренаменети за некој на кој тоа му е потребно и како и во многу други прилики сум тука да помогнам. Значи, уште еднаш, за сите шпекулации на темава, јас не учествувам и нема да учествувам во никаква тужба, пишува пејачката на социјалните мрежи“, напиша Каролина.

karolinafb