КАНЗУРОВ : Четничките викачи од ДПМНЕ-Ваљево повикаа на убиство на претседателот Хорхе Иванов?!?!

0
1183

Сношти, на скопските протести против потпишаниот меѓудржавен Договор на нашата земја со соседна Грција, одржани пред зградата на Собранието на Република Македонија, можеа да се видат многумина членови, симпатизери и гласачи на, изгледа, сѐ уште тазе опозиционото ДПМНЕ-Ваљево.

Дражиќевците-четници (имаше и наследници на такви семејства) од ДПМНЕ-Ваљево, скандираа: „Смрт за Заев!!!“, „Смрт за предавниците!!!“, „Смрт за комуњари!!!“ (токму така, без членувана форма на зборот, како вистински дражиќевци). Ако буквално (преку членски стаж во некогашната единствена партија и во нејзината сегашна наследничка), ја преведеме и провериме насилната парола на ДПМНЕ-вците – „Смрт за комуњари!!!“, низ кадровската структура на нивната партија, како и низ списокот на нивните апологети, слуги и/или клиенти во јавниот живот, тогаш излегува дека односните викачи од ДПМНЕ-Ваљево, меѓу другите потенцијални жртви (од нивните редови), повикале на смрт и за комуњарите: Михајло и Филимена Маневски, Ѓорѓи Наумов, Владо Поповски, Риста Колониста Никовски, Панде Колемишевски, Зоран Ставрески, Владимир Талески, Никола Бакрачески, Јован Донев, некогашниот лепач на плакати на т.н. СДСМ – Никола Србов… но и на нивниот сакан претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, алијас Хорхе Фикусот, комунистичкиот младински функционер, кој е најумен кога молчи и најчесто одбива(ше) да се меша во сопствената работа, послушно спроведувајќи ги директивите на партијата, која два пати го има кандидирано на претседателски избори.

Виктор Канзуров