Канал 77: Провладините сакаат фрекфенција, затоа нам ни удираат клоца!

0
369

Објавувањето на намерата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги за покренување на иницијатива која би довела до одземање на дозволата за Канал 77 е со цел да ги спречи плановите за отворање на нова независна телевизија, реагираат одговорните лица од телевизијата.

kanal77

Тие велат дека веќе 20 години не може да ја остварат својата намера.

„Имено, ГБЦ Комуникации, основачот на Канал 77, на 13-ти јули 1995 година поднесено барање за распишување на конкурс за национална телевизија преку DVBT ОNE до Агенцијата за аудуио и аудиовизуелни медиуски услуги на РМ. Неколку дена по поднесување на ова барање, Агенцијата покрена иницијатива за медиумска концентрација на ТРД Радио Канал 77, што е очигледна намера да го успори процесот и да се добие на време. Дополнително влијае и големиот интерес на про-владините телевизии да останат сами во етерот во страв од вистинска конкуренција на независна телевизија со вклучен странски инвеститор.

За истата ова состојба ГБЦ Комуникации и претходно беше проверувана и обвинувана во 2013 година и овој процес се заврши на Управен суд без епилог“, се вели во соопштението од Канал 77.

Од штипското радио, првото приватно национално радио во земјава, велат дека во Македонија лесно неосновано се покренуваат постапки и лесно секој може да се извлече од одговорноста за нарушување на угледот.

„Во целата оваа наметната и исценирана ситуација жалното е тоа што овие иницијативи се покренуваат без никаква правна основа и без правилно правно толкување, односно се користи само лаичко интрепетирање на законите, а ние сме принудени да бидеме повикани на одговорност за нешто што не постои.

ГБЦ Комуникации е основач на ТРД Радио Канал 77, а ке биде основач и на новата национална ТВ, за што ги исполнува сите законски услови.

Вршење притисок врз медиумот и “вежбањето” држава и власт врз Радио Канал 77 ги надминува сите граници на хумано и демократско однесување“, стои во соопштението.