Канада ги укинува визите за Бугарија и Романија – Од 2017 слободно за работа со бугарски пасош!

0
863

Канада ќе ги укине визите за граѓаните на Бугарија и Романија во крајот на 2017 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по самитот во Брисел за потпишувањето на трговскиот договор СЕТА, пренесува TACC.

“Ја поздравувам одлуката на Канада да ги укине визите за сите бугарски и романски државјани во крајот на 2017 година”, истакна полскиот политичар.

Бугарија и Романија се приклучија кон Европската унија во 2007 година, но на нивните граѓаните се уште им требаат визи за патувања до САД и Канада, и покрај важечките договори помеѓу овие земји и Заедницата, потсетуваат агенциите.

Се очекува наскоро и Соединетите Американски Држави да го укинат визниот режим за Бугарија и Романија.

СПОДЕЛИ