Како ФБИ го хакна iPhone-от на терористот?

0
69

Што му останува на ФБИ ако Apple одбие да му помогне да го пробие заклучениот iPhone смартфон? Се разбира, да ангажира група професионални хакери да го направат тоа.

Според Washington Post, американската агенција успеала да го пробие телефонот iPhone 5C на напаѓачот Сјед Фарук од Сан Бернардино така што платила хакери да го направи тоа за нив.

Според весникот, тие успеале да го пробијат телефонот користејќи претходно непозната грешка во безбедносниот софтвер на iPhone. Таа грешка подоцна била искористена да се направи уред кој помогнал да се отвори телефонот без да се активира безбедносната заштита која ги брише сите податоци.

Информациите се дека начинот на кој е пробиен телефонот функционира само на iPhone 5C и само ако користи iOS 9 верзија на софтверот на Apple. ФБИ сега има дилеми дали да ја открие грешката на Apple, а првиот човек на бирото, Џејмс Коми вели дека размислуваат за тоа.