Како УБК го прислушувала новиот судија во Европскиот суд Јован Илиевски, баџанакот на Мијалков

0
416

По вчерашниот избор на Јован Илиевски за нов судија во Европскиот суд за човекови права, благодарејќи на лобирањето наВМРО ДПМНЕ кај европските десни партии, се отворија многу прашања, почнувајќи од тоа, како ќе суди Илиевски кога половина од предметите во Стразбур се поради повреди на постапката од обвиненијата кои тој како шеф на обвинителството ги процесуирал.

СВЕДОК, во овој случај потсетува на истражувањето на Саше Димовски од 2010 година во која се открива дека тајните служби со кои раководеше Сашо Мијалков го прислушувале неговиот баџанак Јован Илиевски. за овој скандал никој не покрена постапка. Доколку сега, масовното прислушување се најде на оценка во Стразбур, Илиевски ќе може преку сопствениот пример да им објасни на европските колеги што значи кршење на правото на приватност и серија други права утврдени во Конвенцијата.

Комитетот му препорача на советот на Европа за судија да ја избере уставната судијка Наташа Габер Дамјановска, но политиката му пресуди на правото и квалитетот. Сопругата на Јован илиевски, Емилија Илиевска е судија на Врховниот суд на Република Македонија, што е уште еден основ за изземање на предмети по кои таа ќе работи. Нема да биде „злобно“ ако уште од сега се заклучи дека Јован Илиевски ќе нема многу работа во Стразбур, бидејќи во македонските предмети каде што е должен да постапува, не ќе може поради објективни пречки!

Потсетуваме на текстот кој е објавен на 16-ти април 2010-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 772


Текстот може да го прочитате ОВДЕ