КАКО ТРГНАЛЕ ОВИЕ ДВАЈЦА КАКО ТИТО СИТЕ МОСТОВИ ЌЕ ГИ ИЗГРАДАТ ВО ДРЖАВАТА : Сугаре и Китанов по 30 години за прв пат во Македонија ќе градат мост на регионалниот пат Петровец – Свети Николе!

0
293

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, го означија почетокот на изградба на нов мост на р. Пчиња на регионалниот пат Петровец – Свети Николе.

Мостот ќе биде со должина од 135 метри, широк 6 метри со две сообраќајни ленти. Инвестицијата е вредна 950 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

“Овој мост е од огромно значење за сите жители на Долно, Средно и Горно Коњаре, Живиње, Милиње, Сушица, Вков, Винце, Пчиња и други населени места кои гравитираат на овој регионален пат. Ова е наше ветување и ќе го реализираме. Стариот мост на река Пчиња е оштетен, неколку пати реконструиран, но заради одржување на безбедноста на гарѓаните и на сообраќајот,  ЈП за државни патишта направи напор, изнајде средства и започна да го гради”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Покрај изградбата на мостот, ќе се градат и пристапни патишта до него кој ќе го поврзуваат со регионалниот пат.  Рокот за изградба е 15 месеци.

Според директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, во тек е изградба и реконструкција на неколку мостови на државни патишта со вкупна вредност од 507 милиони денари.

“После триесетина години за прв пат се гради нов мост. Практично ова ќе биде најдолгиот мост изграден до сега.  Ќе има две ленти со широчина од 2, 95 метри и два тротоари со ширина од 1 метар. Со проектот е предвидено и регулација на коритото на река Пчиња”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Министерот Сугарески потенцираше дека  овој проект е дел од инвестицискот циклус во патната инфрастуктура. Во моментов се реализираат проекти во висина од преку 800 милиони евра за изградба и реконструкција на преку 290 километри патна мрежа, што е историски највисока инвестиција во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија.