КАКО НА ФИЛМ, РОКАА НЕВЕРОЈАТНИ БОМБИ ВО СУД : Нинџа откри дека работел 3 години за ДБК, имал на располагање пиштоли, радио станици, блиндирани џипови, пари, СЕ!

0
4794

Александар Василевски – Нинџа последен сведочи од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад во Собранието на 27 април лани. (Фото: К. Попов)

Обвинетиот Александар Василевски – Нинџа утринава ја почна својата одбрана на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, објаснувајќи каква улога имал во Управата за безбедност и контраразузнавање. Почна од 2015 година, кога бил ангажиран од тогашниот началник на Петтата управа Горан Грујевски, сега избеган во Грција.

„Горан Грујевски, началникот на Петтата управа во 2015 година ми го даде псевдонимот Самурај. Служеше за распознавање на одредени задачи во службата. Во одделот за оперативна техника и прикриени операции, попозната како Петта управа. Во 2015 година во екот на политичката криза кога Заев почна да ги објавува бомбите бев ангажиран од УБК. За мојот претпоставен Грујевски требаше да разузнавам за таргети што ги одредуваше. За зачувување на уставниот поредок беа. Во 2015 кога ме ангажираа, им кажав дека имам 3 степен средно во ’Коце Металец‘. За трајно вработување ми требаше уште една година. Се запишав во средно ’Нова гимназија‘ на ФОН. Имав легитимација на УБК. Ми дадоа пиштол магнум 38 специјал агент. И радиостаница со 16 канали. Ја слушав комуникацијата на тајната служба. Беше на канал 3, со шифра 600. Тогаш ми дадоа насока да се приближам на мојот братучед Влатко Пановски – Типе, зашто имало информации дека работел за српски тајни служби. УБК имаше постојани информации за него.“, сведочеше Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Линк до целото сведочење на порталот СДК.МК