Како и да го свртиш, Груевски е подеднакво одговорен со Мијалков

0
267

Може ли опремата на УБК да се користи за масовно прислушкување 4-5 години без знаење на шефот на УБК и премиерот? Ако одговорот е ДА, и Мијалков и Груевски треба да одговараат за злоупотреба на службената должност и грубо кршење на правото на приватност, затоа што не го спречиле масовното противзаконско прислушкување со опрема на УБК, што било нивна должност.

zarko-trajanovski

Ако одговорот е НЕ, и Мијалков и Груевски треба да одговараат за злоупотреба на службената должност и грубо кршење на правото на приватност, затоа што наредиле и/или спровеле противзаконско прислушкување со опрема на УБК.

Како и да го свртиш, Груевски е во најмала рака, подеднакво одговорен со Мијалков. Со осомничени за вакво масовно кршење на човековите права по дефиниција не се водат никакви преговори. Во моментов, не постои никаква гаранција дека опремата на УБК сеуште не се користи за масовно незаконско прислушкување на опозицијата. Накусо, не постојат услови ни за разговори ни за преговори со Груевски, се додека тој има контрола врз опремата за прислушкување на тајната полиција.

фејсбук статус на Жарко Трајановски