Како да преживеете рак на дојка?

0
350

Едно ново истражување покажало дека жените заболени од рак на дојка почесто преживуваат доколку јадат повеќе зелен зеленчук.

Едно големо американско-кинеско истражување пронашло врска помеѓу поголемата консумација на зеленчук каков што е зелениот лиснат зеленчук, репката, кинеската зелка и брокулата и ракот. Поголемото внесување на овој зеленчук ја намалува стапката на морталитет.

Истражувањето го следеле лекувањето на 5 илјади жени околу пет години откако им бил дијагностициран рак на дојка. Колку што овие жени јаделе повеќе од овој зеленчук во рок од три години после дијагнозата, толку биле помали шансите да умрат. Зголемената консумација ја намалила шансата од умирање од 22 до 62 отсто. Се намалила шансата и од повторно јавување на ракот, од 21 до 35 отсто.

Жените од истражувањето често јаделе репка, кинеска зелка и зелен лиснат зеленчук. Водителката на истражувањето др. Сара Нечута од универзитетот Вандербилт во Нешвил истакнува дека жените на запад почесто јадат брокули и прокељ и по правило, јадат многу помалку зеленчук од жените во Кина.

Нивото на биоактивни материи како што се изотиоцијанатите и индолите, кои играат улога во борбата против ракот, зависи и од видот на билките и количината што ја внесуваме, додала таа.