Каде исчезна руската моќ на Балканот?

0
355

Руската политика, каква и да е – царска, болшевичка или демократска – се обидува да се позиционира на Балканот повеќе од 200 години. Секогаш се обидуваше да игра и да користи два “политички емотивни” стратешки фактори – словенството и православието во периодот на СССР дополнително и идеолошката компонента) и да ги заштити овие народи од “влијанието на Ватикан и исламот” и “наметнување на недоверливи прозападни вредности”. Затоа, рускиот аналитичар Константин Егерт забележува дека дури и денес во Москва гледаат на Балканот како на територија каде што живеат ” припрости селани кои му се молат за рускиот император како  на заштитник и чувари на религијата од католичките еретици од Виена и суровите “мухамеданци “од султанскиот Истанбул.

Меѓутоа, колу и да се труди, никако да се „втабори“ на Балканот, постојано одејќи по работ на провалијата. Ниту помошта на православните народи на Балканот под Османлиите не ја смести удобно на тоа подрачје – Бугарите, на пример, претпочитаа да изберат германска кралска куќа за да им дадe цареви, пa во двете светски војни беа на спротивната страна. Како и Романците, Грците брзо се свртеа кон Англичаните односно Западот, а по завршувањето на Втората светска војна, кога се чинеше дека конечно го совлада полуостровот и излезе на средоземието, се појави Ј. Б. Тито, кој во 1948 година јасно и кажа на Москва: “Не “, а потоа останаа и без Албанија.

На крајот на 20 век, за да се вратат на Балканот, го поддржуваа Слободан Милошевиќ и се потпираа на српскиот национализам, кој со текот на времето, за да си ги ублажи фрустрации предизвикани од воените порази и националистички цели,  прифати да биде продолжена рака на руската балканска политика. Но, руската политика на Балканот е повторно во голема криза.

Нема повеќе сентименти

Сега, на крајот на втората деценија на 21-от век,  дојде во ситуација нејзино присуство да се стесни и наскоро би можела да биде дефинитивно исклучена од оваа вечно трусна и недоверлива област. Имено, поголемиот дел од балканските земји, на кои, поради историско-религиозниот сентимент Русија сметаше, се сврти кон НАТО, како главен архинепријател на Кремљ, и кон Брисел, останувајќи на другата страна од барикадите, оставајќи ја Русија “толку блиска, а толку далеку “. Тие отпловија неодамна, како и “малата Русија” Црна Гора, а сега и Македонија, која не ја привлекуваше многу Русијано во последно време тука ја виде својата последната сламка за спас и опстанок. За сега и останаа само Вучиќевата Србија и половина од Босна – Додиковска Република Српска како последна линија на одбрана, заедно со Драган Човиќ како потенцијален сојузник кого би го поддржале (го поддржуваат?) во создавањето на третиот (хрватски) ентитет”.

Токму затоа политиката на Русија на Балканот е непредвидлива и, според рускиот балканолог Максим Самуруков, “руската политика на Балканот е исклучиво деструктивна”. Или, според бугарскиот политолог Димитар Бечев, “Русија нема конкретна стратегија на Балканот”. Константин Егерт вели дека политиката на Русија на Балканот е како сапунска опера за зло, суета и историско незнаење.Таа едноставно ја користи поволната економска конјунктура, обидувајќи се да ги исфрли западните конкуренти од рамнотежата и да влијае, ако не на владите во тие земји, тогаш барем на одредени партии или делови од населението. И токму тоа се случува.

Имено, рационално – зошто Кремљ би водел конструктивна политика на Балканот, помагајќи да се смири и стабилизира ситуацијата, кога знае дека сите овие земји имаат план да и го свртат грбот на Русија, да ја прифатат западната интеграција и се подготвени трпеливо да чекаат дури и кога гледаат дека во Брисел се двоумат и отежнуваат. Затоа, Русија е во дилема, прашувајќи се зошто земјите кои традиционално и биле наклонети не сакаат да и седнат в’скут,туку ја прифаќаат, дури и непосакувани трчаак кон „западната страна на приказната“.Така, конечно ги изгуби повеќето постсоветски држави за кои мислеше дека ќе останат „нејзини“ по распадот на СССР. Затоа Русија, во заминување, може да припреми балканска каша.

Да. Така, Москва направи серија грешки во чекорите, што уште повеќе ја оддалечи од балканските земји, кои, и покрај сè, и беа склони. Последната афера е конфликтот со Грција и (не)посредно и со Македонија. Имено, Грција, која во Брисел беше позната и како руски “тројански коњ” неодамна протера двајца руски дипломати, а на двајца други им забранија влез поради поткопување на грчкиот суверенитет, а всушност за поткуп на државни и црковни функционери и попречување и поткопување на договорот со Македонија за новото име на таа земја, која по 20 години е деблокираната во евроатлантска интеграција, а претходно беше претворена во црна дупка во Европа. Имено, Русите сакаа да го нарушат договорот со кој Грција се согласува Македонија од сега да се вика Северна Македонија.

Скопје го обвини рускиот олигар со грчка адреса, Иван Савидиј (скандалозна руски ” крал на тутунот” и сопственик на ПАОК Солун, кој предизвика скандал кога во тек на фудбалски натпревар со пиштол му се закани на судијата и беше избркан од грчкиот фудбал). Според македонски извори, тој финансирал (со околу 300 илјади евра) демонстранти, особено радикални навивачи од редовите на “Комитите”, кои се противат на договорот со Грција. Исто така, грчки извори велат дека протераните руските дипломати на ист начин комуницирале со грчки противници на новото име. Дека се работи за фатален автогол на Русите говори и фактот дека Грција е една од ретките земји на ЕУ (заедно со Унгарија и Словенија), која не избрка руски дипломати поради аферата Скрипаљ (кога со руските нервен гас беше отруен руски шпион и неговата ќерка). Македонија веќе доби покана за членство во НАТО, која Москва ја пречекан со нескриена гнев, а рускиот амбасадор во Скопје, Олег Шчербек отворено рече дека “сега Македонија станува легитимна мета”.

Исто така, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, моќната Марија Захарова, договорот Ципрас-Заев за новото име, го прогласи за неповолен, истакнувајќи дека “не придонесува за интересите и безбедноста на Балканот”.

-Договорот доведе до длабок раскол во грчкото и македонското општество. Тој не води кон мир и безбедноста на Балканот, туку служи само за забрзано приклучување на  Македонија во НАТО – заклучи Захрова, не криејќи ја московската фрустрација поради губењето на уште еден имот во бурето барут. Затоа Сандеј тајмс пишува дека Русија би можела да прибегне кон насилство за да го спречи ширењето на НАТО.

Сепак, во Македонија стравуваат од “црногорското сценарио”. Во октомври 2016 спречен беше обидот за државен удар во Подгорицасо цел спречување на влез во НАТО, и, како што велат во Црна Гора, зад злокобниот план стои Москва. На учесниците во моментов им се суди. Од друга страна, некои странски аналитичари стравуваат дека како вознемирувачки фактор во Македонија би можело да се предизвика етнички, албанско-македонски конфликт, кој би создал “мала Украина” и долгорочно би го одложил прием на Македонија во НАТО и преговорите со ЕУ. Бидејќи Македонија е на крстопатот на стратешки патишта на Балканот – граничи со Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Косово – не треба воопшто да се коментира што потенцијален судирво таа земја би направилза регионот, додека евро-атлантска интеграција на (Северна) Македонија би значела безбедноста. Константин Егерт вели дека политиката на “неутралност на балканските држави” (да не се приклучи кон НАТО) доживеа фијаско.

За позицијата на Русија на Балканот, оваа промена на македонската парадигма исто така ја менува позицијата на Србија и Босна и Херцеговина, односно на Република Српска. Имено, Србија во моментов е единствената која нагласува дека “нема да влезе во НАТО” и се прогласува за “руски сојузник”. Сепак, Србија наскоро би можела да биде во опкружување на земјите на НАТО, а со влезот и на Македонија ќе го зајакне дополнително албанскиот момент во НАТО, Албанија, Македонија и Косово, што не е формално во НАТО, но всушност е “голема база на НАТО”. Затоа, некои руски медиуми велат дека Србија би можела да добие нови “задачи” од Москва. Имено, се шпекулира дека Владимир Путин треба да пристигне во Србија на есен, со што ќе се редефинира (руската) позиција на Србија во поглед на новите балкански околности. Прашањето е колку тоа ќе ја одвои Србија од нејзиниот стратешки план – ЕУ. Руските медиуми, исто така, наведуваат дека во овие нови околности, кога Србија е во целосен опкружување на НАТО и ЕУ, ќе има можност на долг рок да ја спроведува политиката на воена неутралност.