Каде ЗАГИНАА тоа неутралките кои ја критикуваа листата на СДСМ да ја критикуваат и листата на ВМРО-ДПМНЕ?!

0
896

Откако се појавија листите на опозицијата предводена од СДСМ по изборниот конгрес по социјалните мрежи и интернет портали се појавија неколку активисти, критичари, и слободно мислечки граѓани како што се нарекуваат во клучните моменти кога на режимот на Груевски треба да му се зададе фатален удар пред самиот финиш на парламентарните избори кој ќе се одржат на 11-ти декември.

Иако е СДСМ десет години опозиција и иако истата не е можно да сноси критики за лошото владеење на владејачката ВМРО-ДПМНЕ неутралките од типот на Геро, Огнен Јанески, Борјан Јованоски, Биљана Секуловска, Биљана Најчевска, Петрит Сарачини, Левица непрекинато ја критикуваа листата на СДСМ за тоа како била за никаде, како тоа требало опозицијата да се консултира со нив, како тоа Ферид Мухиќ имал свој став кој ќе и наштетел на опозицијата иако бошњаците за прв пат ќе имаат свој претставник во собрание, па како потоа нечинела младата активистка на студентите Ивана Туфеџиќ, била млада неискусна и слични небулозни аргументирања, Пленумот не ја сакал, па отидоа со паметот до таму што ја плукаа и одлуката на ДОМ да се приклучи од страна на позиција кон опозицијата значи да изгуби привилегија на власт и на опозицијата и со своето гласачко тело да и помогне да го сруши митот на непобедливост на избори од страна на “машинеријата” од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова неутрално лудило кое ја зафати опозицијата од неутралките во самата опозиција траеше една цела недела затоа што не си ги видоа своите фаворити на пратеничките листи од опозицијата, како на пример активистот Џељо Хоџиќ кој врши себепромоција на ,,Фокус”, братот на Ермира Мехмети, Замир Мехмети исто така , активистите на ЛГБТ се лути затоа што не ја видоа на листите за пратеници Уранија Пировска и други суетни причини за харанга против опозициската листа, Огнен Јанески на неговиот фејсбук профил испиша километарски текстови за тоа како е лошо решение да се најде на пратеничка листа претставникот на бошњаците проф. Ферид Мухиќ. Петрит Сарачини кај Геро напиша подривачка и перфидна колумна затскриена зад слободната и критичка мисла каде вели дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исто срање и јавно повикува на избори да не се гласа за опозицијата што е секако најподмолен опозициски став, па дури и за неутралка, Геро еднаш ги брани листите на опозицијата потоа жестоко ги плука во коментари и по фејсбук статуси, за ова лудило сигурно има удел малку и алцхајмерот.

Вчера конечно излегоа носителите на листите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а на фотографии за време потпишувањето на меморандумот за предизборна соработка покрај Грујо ги има луѓето кој ќе бидат и дел од пратеничките листи на добитните комбинации, но неутралките да го коментираат ова никаде ги нема, Геро го нема да го објави Петрит Сарачини да повика да не се гласа за листата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е криминална до даска, го нема Огнен Јанески да испиши километарски текстови и да повика да не се гласа за криминалната и коруптивна изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, ја нема Најчевска, го нема Борјан Јовановски да го хејта ВМРО-ДПМНЕ секој ден и некој да го потсети да го хејта, ја нема Секуловска исто така, ги нема активистите на ЛГБТ, го нема Џељо Хоџиќ да ја коментира оваа мафијашка изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ. Ама знаат да пишуваат против листите на опозицијата, знаат да блокираат во дискусии на социјалните мрежи, знаат да етикетираат , знаат да паламудат и да имаат став за се ама за ова немаат?!

Ај Геро редовно си се гушкаат со Хипо во Пастел, ќе му се налутат од ВМРО-ДПМНЕ, плус нема да ские со кум Ставре по Боровец, Борјан нема да пие кафе со Димовски и компанија од центарот за лоботомија на мозоци по скопските кафичи па и нему ќе му се налутат, ама овие другите што прават?! Каде сте бе неутралци?! Ќе ја коментирате ли листата на ВМРО-ДПМНЕ или повторно ќе вршите обид за ставање знак еднаквост помеѓу власта и опозицијата?!

Од вакви неутралки како држава го јадеме стапот 10-години а Грујо поради такви како овие се вади на лошите извештаи од страна на Брисел со тоа што поради нивната неутралност тој покажува дека во Македонија има демократија и дека се почитуваат новинарските стандарди, морал и етика додека од друга страна неговите куртони вршат терор во јавноста и креираат зомбија кои праќаат погребни венци, се фотографираат со пиштоли по фејсбук и се закануваат со ликвидација на опозиционери, новинари и активисти.

Пишува : Рубин Иваноски