Кавга во режимскиот МПМ, кој да потпише фактура од 10 илјади евра за ангажирање манекенки!

0
43

MPM

Фактура од 10 илјади евра испратила една позната скопска модна агенција на адреса на неделникот Теа Модерна, магазин во рамките на компанијата за печатени медиуми МПМ, јавува порталот Либертас.

Од извори во неделникот Либертас дознава дека одговорната на Теа Модерна не сакала да чуе да потпише фактура тешка 10 илјади евра за ангажман на манекенки-хостеси на инвенти за потребите на компанијата.

Таа наводно била револтирана и одбила да преземе одговорност на себе, да стави потпис на фактурата, затоа што неделникот ниту ангажирал ниту имал потреба од манекенки од модната агенција која им испратила фактура.

Нашите извори велат дека имало кавга на одговорната на неделникот со главните во компанијата, а фактурата за ангажирање на манекенките останало да се реши кој ќе ја потпише за наплата.

Инаку МПМ минатиот месец им ги намали платите на врабтените во сите печатени медиуми. Намалувањето беше скалесто, односно најголемите плати се скратиле за 30, средните за 20, а најниските за 10 насто.

Дел од вработените протестираа пред дирекцијата откако беа истакнати списоците со пониски плати, во преговорите се вклучи и синдикатот на новинарите, но менаџментт на МПМ не се повлече.

Објаснувањето е дека економската криза во државата се одразила на приходите, тиражите и рекламите се намалени, па дека мора да се крати во расходите, односно и во платите.

Тогаш новинари коментираа – пишуваме дека сме економски лидери а МПМ ни ги намали платите оти земјата била во криза.

Нови пониски плати вработените добиле завчера, на, како што велат, роденденот на директорката на компанијата.