Кабелските оператори прават МАСАКАР, не ги почитуваат претплатничките договори – Агенција за електронски комуникации постои како измишљотина за да има работа за војничињата на ВМРО-ДПМНЕ!?

0
700

Кога потпишував договор со Vip/Blizoo за кабелска телевизија на флаер пишуваше ДО 90 КАНАЛИ. Бидејќи ми беше сомнително самото тоа, ја прашав агентката за продажба дали е навистина 90 канали или со докупување на пакети се стига до 90 канали. Ми рече дека се 90 канали во самата претплата.

Во ред, го склучив договорот. Чекав 5 дена за приклучок, што за во Скопје не е прифатливо, но сепак не е ни многу, во ред.

До пред 2 дена ги имав RTL каналите. Сега ги немам. Се јавив во техничка поддршка, чекав точно 15 минути. 15 ЕБАНИ МИНУТИ. Кога прашав зошто ги немам повеќе RTL каналите и зошто немам 90 канали кои што ми беа ветени и за кои го потпишав договорот, “Техничката Поддршка” ми одговори дека требало да пишам приговор во салон.
Прашав што ќе добијам со тоа и агентката од “Техничка Поддршка” ми одговори дека ќе добијам извинување.

Кога почнав други технички прашања да ја прашувам, беше доволно дрска за да го повиши тонот и да ми се дере дека она не можела ништо и да сум се обрател у салон со приговор. Кога и забележав дека не смее да ми се дере почна да вика дека тоа не било дерење и јас не сум знаел што е дерење 🙂

Eве и јас да се извинам за тоа што нема да ги плаќам повеќе сметките. И писмено ќе им пратам известување за тоа.

Агенција за електронски комуникации, ве прашувам, ДАЛИ ИМАМЕ НИЕ НЕКОЈА ЗАШТИТА ОД ВАС КАКО АГЕНЦИЈА или постоите само како измишљотина за да има работа за војничињата на ВМРО-ДПМНЕ? Ќе поднесам тужба и до вас и до Vip бидејќи и меѓу другото немам мрежа во СИТИ МОЛ каде што во близина имате поставено антена. Губам интернет на секои 2 саати!

Дали воопшто се грижи некоја компанија во македонија (намерно со мала буква) за своите клиенти?

Доколку има и други засегнати, сакам да прашам дали има можност за Граѓанска Тужба или не постои нешто такво?

Фејсбук статус на Ивица Усул Милошески