И Хрватска забрани да се пушта нивната музика во Македонија

0
121

Хрватска забранува да се користи нивната музика во Македонија.

На седница на Управниот одбор на организацијата ХДС- ЗАМП е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија.

Согласно известувањето оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организација која е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ХДС- ЗАМП, а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет, известува дека забраната почнува од 17.10.2016 година.

ЗАМП забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови и таа забрана стартуваше на 19 септември.

На барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, од 1 октомври се забранува јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

Не смеете да ја забранувате нашата музика без да не прашате, велат српски музичари за 24 вести. Композиторите од Србија го кренаа гласот против забраната на ЗАМП да се емитува македонска и српска музика на медиумите во земјава.

„Јас се побунив затоа што СОКОЈ не ги контактираше авторите. Во оваа прилика, таа одлука беше избрзана. На луѓето не треба да им се ускратува музиката. Луѓето не се виновни.“ – вели пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ за 24 вести.

Вели дека некои институции манипулираат во нивно име.