И РУСИТЕ ОФИЦИЈАЛНО ГО ШУТНА ЦРНИ ГРУЈО ОД АГЕНДИТЕ, СЕГА ЌЕ ОСТАНИ САМ ЗАБЕГАН ПОРАНЕШЕН ДИКТАТОР – Средба на Заев и амбасадорот на Руската Федерација во Р.Македонија Шчербак: Интерес на Македонија е што побрзо да добие стабилна Влада!

0
1063

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски, попладнево имаше средба со амбасадорот на Руската Федерација во Р.Македонија, Олег Шчербак.

На средбата се разговараше за потребата од брза разврска на политичката криза со цел Македонија што поскоро да добие Влада, којашто ќе се посвети на клучните прашања за граѓаните и развој на државата.

-СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство со цел формирање стабилна Влада, којашто ќе зафати со сите потребни реформски процеси за да обезбеди добра иднина за граѓаните и за Р.Македонија, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев додаде дека СДСМ е определена кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните преку почитување на Уставот и законите, наспроти сегашната пракса на Ѓорге Иванов и на власта во заминување, поради коишто земјата стана хибриден режим.

-Демократските процеси во Македонија се почнати. На нив дадоа поддршка 612.000 граѓани од сите етнички заедници кои го избраа концепот на заедништво и Македонија едно општество за сите. Само концептот на еднакви граѓани, правда, квалитетен живот за сите, силно ја гарантира унитарноста и добрата иднина на Македонија, рече претседателот Заев.

На средбата беше посочено дека политичките субјекти во Македонија преку своите потписи на Договорот од Пржино ја изразија својата подготвеност за напредок на Македонија низ реформски процеси, тоа го потврдија мнозинството граѓани преку кредибилните избори и сега е потребно сите партии да ја покажат својата совесност и да го овозможат демократскиот развој на Македонија.Zaev Scerbak1 Zaev Scerbak2