И ОД БЕСА СЕ ПРЕТЕРАА СО НАЦИОНАЛИЗМОТ : БАРААТ ОД ЗАЕВ ИЗЕДНАЧЕНОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ И АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК И ГО УЦЕНУВААТ СО ТОА ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!

0
289

Ден по средбата меѓу Заев и Касами, од Движење Беса велат дека нема да гласаат за уставните измени доколку не бидат прифатени нивните барања. Од партијата преку амандмани бараат да се тргне зборот „македонско“ за граѓаните Албанци. Другото барање е во ставот за грижата на државата кон дијаспората, граѓаните да бидат подредени според етничката припадност, како што се во Преамбулата.

Освен овие два амандмана, Беса бара и измена на Членот 2 од 5-тиот амандман на Уставот со цел македонскиот и албанскиот јазик да фигурираат како службени јазици и Претседателот на државата да не може да блокира носење на закони, одбивајќи да ги потпише. И од партијата на Зијадин Села бараат реакција од премиерот Заев.