И НА ТРИЧКО МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Треба, конечно, да се влезе во таа пресметка со ВМРО-ДПМНЕ!

0
785

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да престане со насилствата и протестите во кои шири омраза.

Но, прашањето е: Зошто ВМРО-ДПМНЕ би се откажале од својата суштина, од својата мисија. Апелот на СДСМ е како повик до некој сериски убиец да престане да убива затоа што тоа не е убаво, затоа што предизвикува големи болки кај семејствата на убиените, а и во целото општество.

Мислам дека апелот треба да биде насочен кон власта. Власта треба да престане да не ги извршува своите законски и природни обврски против злото во Македонија. Сеедно дали тоа неизвршување го прави во името на некаква политичка коректност која што ја става над законот или тоа го прави водена од идејата да ги кооптира и култивира злосторниците во таканареченото општество за сите.

Откако власта одби да влезе во конфликтот, конфликтот дојде да го наметне злосторничката инсталација на вмро-дпмне на крилјата на хистеризираната маса која во меѓувреме реши да изврши колективно самоубиство како крајно примитивна категорија која покажува дека нема многу смисла некој да се ангажира да ја спасува.

Никогаш, со никакви отстапки и компромиси, власта нема да добие ништо. Македонија, уште помалку. Обратно ќе дојдат и го свијат вратот и на власта и на властодржците и на Македонија.

Само агресиван, оптимистичен и офанзивен пристап во расчистувањето со злото дава шанси да се излезе од оваа кал, треба да се оди до плафонот кој го овозможува законот, не под тоа ниво. Власта е одговорна за општите состојби, одговорна е за апсурдноста на ситуацијата во која ВМРО-ДПМНЕ говори за заробена држава и врши најбрутални физички и ментални закани, наместо да биде жртва на општиот гнев и на законските процедури против себе Тоа мора да се промени. Веднаш и радикално.

Проследено со радикални промени внатре, во самата власта, во СДСМ и ДУИ, во драстичен прекин со свињариите од стрв, неукост, некадарност, некомпетентност, кои значајно партиципираа во ескалацијата на ситуацијата, со задржување на генералната линија на која Законот за јазиците е важно, добро и, веројатно, единствено можно решение.