И КУМАШИНЧЕТО НА САШО МИЈАЛКОВ ЌЕ ЛЕЖИ ЗАТВОР: ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА Т-МОБИЛЕ, ЖАРКО ЛУКОВСКИ ОБВИНЕТ ЗА КРИМИНАЛ ОД 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

0
2077

БАЗНИ СТАНИЦИ

Со наредба за спроведување на истражна постапка во случајот „Базни станици“, опфатено е едно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст. 5 в.в. со ст.4 и 1 од КЗ.

Според доказите, во текот на 2011 година осомниченииот Жарко Луковски, тогаш главен извршен директор на Т-мобиле Македонија АД, со искористување на положбата и овластувањето, на ДГ Бетон АД Скопје му прибавил значителна имотна корист од 3.522.400 евра. Воедно, на акционерите на Т-мобиле Македонија, меѓу кои е и државата, им нанел штета во висина на приходот од неоствареното право на дивиденда.

Имено, осомничениот, со цел легализација на дивопоставени базни станици, инаку предвидено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во април 2011 година побарал финансиска понуда од ДГ Бетон за таа компанија за компанијата Т-мобиле Македонија да ја заврши постапката за утврдување на правниот статус на нејзините базни станици, иако Т-мобиле Македонија поседувал соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа во износ од по околу 3.000 евра по објект. Нагласуваме дека ДГ Бетон како правно лице претходно никогаш нема давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното работно искуство.

Сепак, набрзо ДГ Бетон ја известил компанијата Т-мобиле Македонија дека бараната услуга може да ја изврши, по што на 15 август до ДГ Бетон доставил конечна понуда од 9800 евра по објект, како и 2.500 евра за докомплетирање на документација за други стари базни станици.

Нагласуваме дека станува збор за сума по базна станица која е за повеќе од три пати повисока во однос на таа за која истата работа можела да биде завршена од страна на стручниот тим на Т-мобиле Македонија.

Од доказите произлегува дека на 27 декември истата година осомничениот Жарко Луковски, во име на Т-мобиле Македонија, потпишал договор со претставник на ДГ Бетон за утврдување на правниот статус на базните станици и нивно запишување во јавните книги за недвижност, по веќе споменатата цена од по 9.800 евра по објект, без ДДВ но, вклучително и за 518 комуникациски објекти за кои документацијата само технички била доставена до ДГ Бетон, бидејќи истата веќе била изготвена во Т-мобиле Македонија.

Имено, на ДГ Бетон му останала обврска оваа веќе изготвена документација само физички да ја однесе во Архивата на Министерството за транспорт и врски.

На овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите, меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда.