И ЖЕСТОКИОТ АНТИ-РЕЖИМСКИ ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТ ЏЕЉО ХОЏИЌ СТАНА ДИРЕКТОР СО ОДЛУКА НА ВЛАДАТА, ФОНДАЦИЈАТА СОРОС ЌЕ КУРТУЛИ НАРЕДНИТЕ ГОДИНИ, ЌЕ ЗАШТЕДИ БАРЕМ 200 000 ДОЛАРИ ЗА НАРЕДНИТЕ 3-4 ГОДИНИ ЗАТОА ШТО ТОЈ СЕКОЈА ГОДИНА СИ ДОБИВАШЕ ПО ЕДНО ГРАНТЧЕ…

0
566

Владата денеска ги соопшти имињата на најновите кадровски промени, 67 на број, кои се под ингеренција на Влада.

Оттаму соопштуваат дека Комисијата за кадровски прашања, за секое лице поединечно, ги проверила содржините на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, со потврдата за исполнување на условите за именување, Владата денеска ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија.

Данаил Дончев

Џељо Хоџиќ

Помеѓу нив, за нов директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија е именуван Данаил Дончев, додека пак од имињата кои се попознати за јавноста, за вршител на должноста заменик на директорот на агенцијата за остварување на правата на заедниците именуван е Џељо Хоџиќ.

За директор на Државниот испитен центар е именуван Неџмедин Садику, за вршител на должноста на Државен санитарен и здравствен инспекторат, орган во состав на Министерство за здравство именувана е Ирина Бухова.

За вршител на должноста директор на Агенција за филм на Република Македонија, Владата го именува Горјан Тозија.

Извор : НоваТВ

За вршител на должноста директор на Агенцијата за лекови и медицински средства именуван е Роберт Бекироски, додека за директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија именуван е Исен Шабани.

За вршител на должноста директор на Агенцијата за катастар на недвижности избран е Борис Тунџев.

СПОДЕЛИ