И БРАНКОВИСТИТЕ ПОВИКАА ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, ИАКО ГО МРАЗАТ ЗАЕВ ПОВЕЌЕ ОД ГРУЈО: Кој бојкотира, бил за ништо и останува со ништо!

0
419

И народ кој не гласа ќе биде владеен. Владеен од власт на другите, избрана од други. Ако некој мисли дека во случај на референдум, ќе ја казни политиката со своето негласање, тој всушност го казнува целото општество: во своите нови граници и ограничувања, се потесни и потесни, политиката ќе биде во состојба да ги сумира гласовите кои и остануваат, и секогаш да бидат еднакви на 100 посто.

Кој гласа, макар бил и малцинство, тежи како тоталитет. Кој не гласа, дури и да е апсолутно мнозинство, тежи помалку и од најсмешните самодекларирани лидери на народот, биле Апасиевци, Бачевци, Солзи или кој и да е.

Во билансот на гласање или не гласање, можеме да го додадеме и следното: колку повеќе се апстинира, толку на власта и требаат помалку гласови за да се избере или да ги избере своите предлози.

Се разбира и кој не оди да гласа има свои логики за почит, има право едноставно на тоа. Но, гледано здраворазумски и етички, таквиот се исфрла себеси од игра, одбира нихилизам пред егзистенцијални теми, признавајќи дека дури и нема став да го отфрли понуденото. Тој што нуди бојкот, не нуди ништо, така да бојкотот сам по себе не е избор.

Затоа се вели дека тој што бојкотира, потоа губи право да се жали. Бил за ништо и останува со ништо.

Тогаш неговата единствено оправдлива политичка и морална позиција би била во иднина да се воздржи од каков било став и да трпи, да не учествува во политичкиот и општествен живот на својата заедница.

Зарем сакате утре да молчите, да бидете срозени од сопствениот неизбор, свесни дека сте се повлекле пред така важно прашање, дека сте молчеле и сте дозволиле пасивно да ви се наметне туѓата волја на денот на избор.

Јас не би можел да живеам со таква позиција и свест.

Затоа гласајте, имајте став, бидете и против, ама бидете за нешто, не за ништо.

(ФБ статус на авторот)