И БОГОВИТЕ ПАЃААТ НА ТЕМЕ

0
196

Во изминатиот период и периодот кој доправа следува, помеѓу членството во опозицискиот блок се повеќе се акумулира нова енергија насочена кон стратешко и концептуално делување на Општинската организација на СДСМ наспроти повеќе годишното практикување на власта од страна на Локалната самоуправа, Советот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, кое сметам дека ќе резултира со до сега невидени корективи насочени кон власта во Прилеп.

zharestefanoski

Сметам дека раководството на Општинската организација на СДСМ во Прилеп ќе ги стимулира активностите на работните тела на партијата и делувањето на членството преку ажурирање на постојните и воспоставување на нови механизми на делување, до денес непознати и непосакувани за локалната власт и сметам дека локалната власт неминовно ќе се соочи со последиците од своето досегашно нетранспарентно и непринципиелно работење. Граѓаните на Општина Прилеп ќе имаат можност да го увидат начинот на кој функционира локалната власт во Прилеп, методите и механизмите преку кои ги остваруваат своите цели за лични интереси а секако и ќе имаат можност да ја видат реакцијата на носителите на јавни функции одговорни за таквите состојби.

Граѓаните ќе имаат можност да се уверат како треба да делува опозицијата во улогата на коректор на политиките и практикувањето на власта низ сите расположливи механизми, а со тоа ќе покаже дека интересот на Прилепчани без оглед на политичката определба е на прво место, дури и пред внатрепартиските лични меѓусебни интереси и на двете најголеми партии во државата и во Прилеп.

Помина времето на реализација на самоиницијативни проекти на Локалната самоуправа и непроверени одлуки на Советот на Општина Прилеп, нетранспарентни постапки за јавни набавки, неодговорени прашања и еднострана презентација на сомнителни успеси, игнорирање на очигледни злоупотреби, пропаганда без контрапропаганда, помина времето на напумпан отчет за сработеното без можност за анализа и критика.

Сметам дека доаѓа време кога ќе се упатуваат секојдневни јавни повици до одговорните за соочување со вистината и фактите, ќе се иницираат постапки за казнување на злоупотребите, крајно време е да ги приземјиме самобендисаните богови кои заборавија на сопствените граѓани, на нивните реални маки и тешкотии.

Ние сме тоа што бевте Вие, пред да се искачите таму високо, таму од кај што го изгубивте видикот кон нас обичните. Епа дојде време да Ве приземјиме за да Ве запрашаме „на чија сметка беше Вашето патување?.

Сакале или не ние доаѓаме, по нашето украдено вчера и по нашето подобро утре.

Пишува : Жарко Стеваноски