ИСУС, АЛАХ И ХАРЕ ХРИШНА НЕКА МУ СЕ НАПОМОШ НА СВЕТОТ : Доналд Трамп и официјално стана претседател

0
314

Доналд Трамп, и официјално стана 45-тиот американски претседател, откако, според комплицираниот изборен систем, над 270 електори гласаа за него.

Доналд Трамп освои 270 електорални гласови и со тоа и официјално стана 45-тиот американски претседател. 538 електори од 50 сојузни држави деновиве беа под притисок да не го дадат својот глас за Трамп. Демократите предводени од шефот на изборниот штаб на Хилари Клинтон, Џон Подеста обвинijа дека Русија му помогна на Трамп со хакирање на имејловите на демократската партија.

Многу демократски електори бараа брифинзи од разузнавачките служби за вмешаноста на Русија во изборите. Во обвинувањето се вклучи и американскиот претседател Барак Обама со изјава на последната прес конференција оваа година.

„Господинот Владимир Путин лично го поздравуваше Трамп. Тоа не е вест, новоизбраниот претседател самиот тоа го кажа за време на изборната кампања. Над една третина од републиканските гласачи го одобруваат Владимир Путин, поранешен шеф на КГБ“, изјави Барак Обама, американски претседател.

Трамп ги отфрли обвинувањата дека Русија му помогнала да победи на изборите. Сепак Сенатот ќе формира комисија што ќе ги истражува овие обвинувања.

Резултатите од гласањето на електорите ќе биде соопштено официјално на седница на Конгресот на 6-ти јануари 2017-та година.

СПОДЕЛИ