ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА ЗЕМЈАТА: ШЕФОТ НА НАТО ГО ДОЧЕКА ЗАЕВ СО ВИНО НА ПРВИОТ ЛИДЕРСКИ САМИТ НА НАТО НА КОЈ НИЕ УЧЕСТВУВАМЕ КАКО 30-ТА ЧЛЕНКА!

0
341

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, во која уште членуваат вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Радмила Шекеринска, денеска пристигна во Лондон, каде утре се оддржува формалниот дел од самитот на НАТО.

Во текот на денешниот ден, на кој се оддржуваат билатерални средби меѓу лидерите и претставниците на државите-членки на Алијансата, Заев се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенгерг, кој патем му подари вино на македонскиот премиер и пријател, како што го нарече за време на една посета на Скопје.

Инаку, на маргините на настанот се оддржа и конференцијата насловена „НАТО се ангажира“, на која говореше и Заев, истакнувајќи дека земјава е задоволна што го заокружува членството во НАТО, но е разочарана поради блокадата за почеток на преговори со ЕУ.

-Сите 28 земји членки потврдија во Советот на ЕУ дека сме ги исполниле реформите, најдовме решение со Грција и Бугарија, го сменивме нашето уставно име и одлуката дека на ЕУ и е потребно повеќе време беше многу дестабилизирачка за нас, многу бевме разочарани, но ние продолжуваме со реформите и се надевам дека оваа грешка ќе биде поправена многу скоро – порача тој.

Фото: Томислав Георгиев