Интернет гигантот Yahoo ќе биде продаден на Verizon, а досегшната извршна директорка Мариса Маер си поднесе оставка од бордот на директори. Сепак, брендот Yahoo ќе продолжи да постои, а само делот што нема да биде продаден ќе се преименува во Altaba.

0
1386
Интернет гигантот Yahoo ќе биде продаден на Verizon, а досегшната извршна директорка Мариса Маер си поднесе оставка од бордот на директори. Сепак, брендот Yahoo ќе продолжи да постои, а само делот што нема да биде продаден ќе се преименува во Altaba.

Verizon одлучи да го купи Yahoo со пребарувачот и веб поралот за 4.83 милијарди во јули, но акционерите на Yahoo одлучија да го задржат инвестицискиот дел на компанијата кој вклучува 36 проценти учество во Yahoo Japan и 16 проценти учество во Alibaba, како и сопственото портфолио. Овој сегмент од компанијата нема свои производи.

Според извештајот што денеска го поднесе компанијата, овој дел од Yahoo нема да му биде продаден на Verizon и ќе добие ново име Altaba, а Мариса Маер ќе си даде оставка од бордот на директори.

Порталот на Yahoo, прелистувачот, и-мејл сервисот и сервисите за вести ќе продолжат да функционираат, но ќе бидат интегрирани во AOL, а според најавите на портпаролот на AOL брендовите како Yahoo Finance и Yahoo Sports, нема да бидат згаснати, пишува Guardian.

Договорот со Verizon става крај на 21-годишната историја на Yahoo како независна компанија, но се уште не е финализиран бидејќи треба да биде одобрен од регулаторите.

Проблемите со хакерските напади што ја загрозија безбедноста на повеќе од една милијарда кориснички профили на Yahoo, го доведе во прашање финализирањето на договорот, а дефинитивното решение треба да биде донесено во првата четвртина од оваа година.