ИНВЕСТИЦИСКА БОМБА : БИТОЛСКИОТ МИЛИОНЕР ЦИЛЕ И БОКИ ЈОВАНОСКИ ЌЕ ИЗГРАДАТ ЕВРОПСКИ И МОБИЛЕН ЦЕНТАР ЗА ВОЗРАСНИ ЛИЦА СО ЛОКАЦИИ ВО БИТОЛА И ОХРИД ВО ВРЕДНОСТ ОД ДЕСЕТИНА МИЛИОНИ ЕВРА СО ПРЕКУ 200 ВРАБОТУВАЊА!

0
1336

Меѓународен сојуз Скопје заедно со ГП „Пелистер“ Битола започнува нов инвестициски проект за изградба на Европски ценар за возрасни лица и мобилен сервис. Проектот е во развојна фаза, а за почеток избрани се и соодветни локации. Целокупниот проект е во висина од над 10 милиони евра. Меѓународен сојуз Скопје со стратешкиот партнер ГП „Пелистер“ веќе работи на првите два центри, лоцирани во Битола и Охрид.

 

– Посветено работиме на изградба на Европскиот центар за возрасни лица и мобилен сервис, кој ќе претставува прв и засега единствен ваков комплекс во државава. Оваа милионска инвестиција, за почеток, во Битола и Охрид ја реализираме со нашиот стратешки партнер ГП Пелистер. Исто така наши партнери се и ГД Дрим Билдин од Струга, за реализирање на овој проект и на локација во Скопје. Со повеќе детали за целата мрежа на комплекси јавноста наскоро ќе биде информирана на прес конференција – рече потпретседателката на Меѓународниот сојуз Скопје, Јасна Мандиќ во изјава за „Либертас“.

„Ова е круна на мојот долгогодишен бизнис, и со задоволство прифатив да учествувам во вака важен социјален и општествено-одговорен проект“, рече за „Либертас“, еден од инвеститорите и стратешки партнер на Меѓународниот сојуз Скопје, Силјан Мицевски, генерален директор на ГП „Пелистер“ од Битола.

Се предвидува во центрите да се вработат околу 200 лица.