Има 11 години а веќе е милионерка

0
129
ADVANCE FOR RELEASE MONDAY, FEB. 24, 2014, AND THEREAFTER - In this Jan. 27, 2014 photo Mikaila Ulmer stands for a photo as she holds a bottle of Bee Sweet Lemonade that she and her family make and sell at Whole Foods at the Domain in Austin, Texas. The drink contains locally harvested honey and 20 percent of the proceeds go to organizations that help save honeybees. (AP Photo/Austin American-Statesman, Rodolfo Gonzalez) AUSTIN CHRONICLE OUT, COMMUNITY IMPACT OUT, INTERNET MUST CREDIT PHOTOGRAPHER AND STATESMAN.COM

Има само 11 години, а веќе заработува милиони. Неверојатно интелигентно 11-годишно девојче од Тексас штотуку склучи договор со 55 продавници на Whole Foods вреден 11 милиони долари за продажба на нејзиниот бренд на лимонада

Лимонадата BeeSweet на Микаила Улмер ќе се продава во Тексас, Оклахома, Арканзас и во Луизијана. Микаила доби 60.000 долари инвестиции за почетна фаза кога се појави на реалното шоу Shark Tank на Еј-би-си, каде што се натпреваруваат повеќе иноватори со своите идеи за да добијат инвестиции.

После шоуто таа му служеше од својата лимонада и на Барак Обама, како дел од кампањата на Google, „Dare to be Digital“ и доби бројни награди за храна и претприемништво.

Својата лимонада ја прави по рецепт со ментол, ленено семе и мед, кој го наследила од својата прабаба и дел од своите производи донира на фондации коишто ги штитат пчелите.

Микаила ја добила идејата за BeeSweet кога имала само 4 години откако двапати ја каснала пчела. „Навистина ме болеше и многу се плашев од пчелите“ вели Микаила. Но, потоа почнала да ги изучува пчелите и се случило нешто чудно – била восхитена од нив. Тогаш почнала да прави план да го искористи рецептот за лимонада од прабаба ѝ за да собере пари да им помогне на пчелите.