Илија Димовски го фати алергија од прашањето за парцелите на Грујо, му пречат ненарачаните прашања на опозициските пратеници

0
166

12030911_10206260634347981_1702899429_n

„Пратеничките прашања се институт предвиден со деловник. Наше право и обврска како пратеници е дали ќе ги користиме во интерес на граѓаните или, пак, во интерес на партијата“. Ова го изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

– Денеска во Собранието можевме да видиме два концепта на работење. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија поставуваа прашања кои им се нарачани од граѓаните, а пратениците од СДСМ поставуваа прашања нарачани и во интерес само на нивната партија – рече Димовски.

Тој напомена дека досега ВМРО-ДПМНЕ поставиле вкупно 250 пратенички прашања, а голем дел од резултирале и со решение.

Од опозицискиот СДСМ реагираа на изјавата на Димовски, велејќи дека тој се обидува да го оправда премиерот Никола Груевски кој немал одговор на прашањата на пратеникот Петре Шилегов.

„Толку е голем стравот кај ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста сè уште чека одговори од Никола Груевски за неговите парцели на Водно, особено по објавувањето на новите докази како дошол до нив преку фирмата од Белизе, управувана од неговиот кум. Со опозициските пратеници внатре, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да снајде во собраниската сала и нема што да каже од собраниската говорница, па закажува прес-конференции во прес-центарот на Собранието“, реагираат од СДСМ.

Преписката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ следува откако опозицијата ја обвини Владата дека намерно задоцнила цел час на седницата за да не може опозицијата да поставува пратенички прашања. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, побара пратениците да не ја користат паузата за да може да се надомести загубеното време.