Изненадувачки симптоми на дијабетес

0
436

Познато е дека за оваа состојба голема улога има исхраната, начинот на живеење, генетската предиспозиција и слично.
Општите симптоми речиси сите ги знаеме, но постојат и некои скриени знаци кои ретко кој може да ги препознае па често се игнорираат.

На следните страници дознајте за неколку изненадувачки симптоми за ова заболување.

Постојано чувствувате нервоза и се чешате

Многу е можно да чувствувате јадеж на кожата која се повеќе станува сува. Ова се случува бидејќи шеќерната болест ја ослабува циркулацијата на крвта и постои недоволна исхранетост на кожата. Ако не ви помогнат хидрантните креми – посетете лекар за да го проверите нивото на крвта.

Кожата добива лош изглед

Како што старееме, нормално е да се влошува состојбата на кожата и да се појават брчки. Но, темните дамки на кожата, особено на колената, зглобовите и задниот дел на вратот се смета за знак на дијабетес.
Состојбата што предизвикува овие промени се нарекува acanthosis nigricans и е во тесна врска со порастот на шеќерот во крвта. Овој проблем може да се реши со слабеење и третирање на кожата со масти препишани од вашиот дерматолог.

Слабее слухот

Дијабетесот може да влијае и врз вашиот слух. Губењето на слухот може да биде предизвикано од пред-дијабетес, според една студија спроведена од страна на Националниот институт за здравство.
Пред-дијабетесот се карактеризира со повисоко ниво на шеќер во крвта и 30% намален слух. Истражувачите сметаат дека дијабетесот ги оштетува крвните садови и нервите во увото. Наместо постојано да го зголемувате тонот на вашиот телевизор, посетете лекар и направете ги потребните испитувања.

Видот нагло ви се подобрил или ви се влошил

Ако сте принудени да ги тргнете очилата за да прочитате нешто, многу е веројатно дека имате високо ниво на шеќер во крвта.

Дијабетесот често е поврзан со послаб вид, но видот исто така, може да се подобри во некои случаи. Ова се случува како резултат на промената на нивото на течноста на очите – сето предизвикано од дијабетес.
Секоја промена на видот мора да се следи и да му се пријави на лекарот, без разлика дали се подобрил или се влошил.