ИЗГЛЕДА ДЕКА ПОВТОРНО НЕКОИ СВАРОВСКИ СУДИЈКИ ПОПУШИЈА КАЈ МИЈАЛКОВ : Укинат куќниот притвор за битолскиот градоначалник Талески

0
287

Битолскиот градоначалник Владимир Талески излегува од куќен притвор.

Кривичниот суд во Скопје соопшти дека Апелациониот суд Скопје вчера попладневѕо доставил решение со кое се уважува жалбата на Талески, кој е осомничен во предметот на СЈО познат во јавноста како „Транспортер“.

Со тоа се укинува мерката куќен притвор и за Талески се определува мерка на претпазливост, односно тој има обврска да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основниот суд Битола.