Избројани ли му се деновите на Груевски?

0
170

Исходот од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ викендов во Куманово е познат. Никола Груевски останува на челото на партијата.

Внатрепартиските избори, пак, доаѓаат во период во кој странските амбасадори во името на своите влади засилено бараат оставки и истражен процес кој покрај транспарентноста и објективноста ќе даде одговор и за содржината на материјалите што ги објавува опозицијата.

Gruevski

Според аналитичарот Алберт Муслиу, како што пренесува Радио Слободна Европа, разрешницата на кризата наскоро ќе влезе во завршна фаза и токму ваквите сугестии на странците се подобриот начин за излегување од ситуацијата.

„Оставките се политички чин и воведуваат во мирна разрешница на целиот процес и излегување од сегашната криза. Другата варијанта е преку улична демократија, која во најдобар случај, ако е добро контролирана и ако нема на пример вадење на голем број полицајци и провокација и од едната и од другата страна, може да заврши со мирни протести“, вели Муслиу.

Во меѓувреме центарци го дадода својот глас. Како никогаш до сега по обединети и без етничка и верска боја манфестираа единство кое што во изминативе 24 години не можеше, а да не се злоупотреби.

Одлучно, како граѓани кои што го сакаат урбаниот лик на Скопје, ја изразија својата волја: ГТЦ е на народот, народот е ГТЦ!

ГТЦ, притисоците врз студентите и средошколците, пленумите, хонорарците, социјалните работници, сомнителните настани на македонско-косовската граница, „бомбите“ од опозицијата како и необјаснивите тела како ГДОМ, јазикот на омраза и жигосување на неистомисленици и шалите „нешали“, како говор на немоќ се само дел од руиринараниот дестабилзиран дел од македонско општествено-политичко секојдневие.

Со еден збор се работи за комлексна и комплетна криза.

Избројани ли му се деновите на Груевски?

Шаќири/Варошлија – Репортер мк