Играњето игрици е поздраво од гледањето телевизија

0
370

Веќе е познато дека децата кои поминуваат многу време пред телевизор имаат значително поголем крвен притисок и поголем индекс на телесна маса, меѓутоа, една неодамна објавена студија покажува дека децата кои играат игрици на компјутер се поздрави од оние кои гледаат телевизија, пишува сајтот Vice.

Истражувачите анкетирале илјада ученици од Мичиген, еден од најнездравите региони во САД, користејќи стандардизирани прашалници во врска со времето што го поминуваат пред екран, грицкање нездрава храна и воопшто изборот на намирници додека гледаат телевизија или играат игри.

На децата потоа им биле мерени крвниот притисок, холестеролот, висината и тежината. Потоа биле поделени во три групи: оние кои поминуваат малку време пред телевизор, оние кои поминуваат многу време пред телевизор и оние кои поминуваат многу време играјќи игрици на компјутер. Истражувачите откриле дека групата што гледала телевизор имала значително полош избор на грицки/намирници, а нивниот фокус бил на храна со висок процент на масти и калории.

Учениците кои играле игрици имале значително поздрави прехранбени навики претежно поради тоа што лицата пред телевизор се изложени на реклами кои промовираат нездрава храна, а при гледањето телевизија нивните раце се слободни и така цело време можат да ги користат за јадење.