ИВОНА ПРВА ГО СВРТЕ БРОЈЧАНИКОТ НА ЗАЕВ: ТРЕБА ДА И ПЛАТИ КАЗНА НА ДРЖАВАТА ОД 4 МИЛИОНА ДЕНАРИ ПЛУС 1 МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА АДВОКАТСКИ И СУДСКИ ТРОШОЦИ!!!

0
2095

Ивона Талеска утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1. (Фото: Ѓ. Личовски)

Новинарката Ивона Талеска беше осудена на две години условна затворска казна за даночно затајување во предметот на СЈО „Тифани“, откако претходно денеска на судењето во Основниот суд Скопје 1 призна вина. Талеска нема да лежи затвор ако во наредните четири години не направи ново кривично дело.

Судијката Софија Лаличиќ рече дека со оглед на примерното поведение на обвинетата и фактот што досега не сторила кривично дело ѝ се одредува условна казна.

Талеска треба да плати 1.671.611 денари за персонален данок на доход кој не го плаќала, 1.145.900 денари даночни обврски од фирмата „Смарт центар“ ДООЕЛ која сега е во стечај, а фирмата „Смарт груп“ која е во сопственост на Талеска треба да плати 1.038.698, данокот го затајувала од 2008 до 2014 година.

Талеска има рок од една година да го плати данокот кој го затајувала со години и за што беше отворен случајот на СЈО „Тифани“.

„Ние сме задоволни од признанието на обвинетата Ивона Талеска, како и од пресудата со која се прогласи за виновна. Во однос на кривичната санкција ќе почекаме да ја добиеме писмено, па ќе се произнесеме“, кажа обвинителката на СЈО Елизабета Јосифоска.

Извор: СДК.МК