Иванов сега да се обврзе на оставка откако ќе се најде решението за излез од кризата

0
73

Иванов за да ја стекне доверба, не само кај опозицијата, туку и пошироко во јавноста, сметам дека би требало да се обврзи уште на почеток, односно уште сега, дека ќе си поднесе оставка непосредно пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, за истовремено да се одржат и претседателски избори, со оглед на тоа што и тој е избран на нерегуларни избори а за што веќе Зоран Заев, лидерот на СДСМ и опозицијата, објави докази а воедно најави дека ќе следуваат веќе утре нови докази за фалсификувањето на изборната воља на граѓаните од изборите во 2011 година заклучно со последните предвремени параламентарни и претседателски избори кои се одржаа во април минатата година.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Тоа би требало да биде прв негов чекор како предуслов да може да одигра улога слична на таа на Борис Трајковски во 2001 година. Воедно оваа е непроценлива шанса за Иванов да го поврати целосно изгубениот личен инетегритет како личност, професор и вршител на највисоката државна функција.

Воедно, тој е врховен командат на АРМ, има ингернеции во надворешната политика, безбедноста што може да одигра клучна улога во балансирање на моќта која сеуште ја поседува Груевски како премиер а тоа пак ќе значи внесување рационалност во постапките и вразумување кај кликата околу Груевски за да заминат од политичката сцена без да има тешки последици за државата.

Со ваков потег Иванов ќе ги охрабри и другите кои не се сложуваат со Груевски но не можат да му се спротивстават веројатно поради страв од некакви си последици по нив за кои тие сами си знаат зошто.

Да иницира донесување предлог закон за ништовност на мениците со кои пратениците а и можеби и министри, заменици министри и други државни фунцкионери, со кои му ја гарантираат лојалноста кон Груевски преку својот имот.

Фејсбук статус на Митко Јованов