ИВАНОВ ЗАПОЧНА СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЦРНОТО СЦЕНАРИО ЗАМИСЛЕНО ЗАЕДНО СО ГРУЕВСКИ: Почна консултации со институции СО ЦЕЛ ДА НАЈДЕ ИЗГОВОР ЗА ДА НЕ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА СДСМ!!!

0
1175

По вчерашната најава од кабинетот на Претседателот на Република Македонија дека претседателот Ѓорге Иванов ќе отпочне консултации со надлежни институции и политички партии, денеска тој ќе оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.

Вчера, како што велат, македонскиот претседател оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренесе ставовите на Европската унија во врска со ова прашање.