Ибраим: Во Буџетот се заборавени општините каде што живеат Турци

0
456

Пратеникот Енес Ибраим пратеничката група на СДСМ денеска обвини дека во предвидениот Буџет за 2017 година двете општини каде што Турците се поконцентрирани се тотално заборавени.

Оваа Влада, според Ибраим, докажала дека „зградите и спомениците се поважни од животот на над 100.000 Турци во Македонија“.

– Ние како политичка партија нема да дозволиме вакво буџетско, расипничко владеење. После 11 декември парите на граѓаните ќе се трошат на транспарентен начин, во интерес на потребите на сите граѓани на Република Македонија вклучително и турската заедница во Република Македонија, рече пратеникот Ибраим кој доаѓа од Партија за движење на Турците во Македонија.