Зошто слоновите не можат да скокаат?

0
176

Иако слоновите имаат одлично сетило за мирист, ретко заболуваат од рак и имаат доста сложен друштвен живот, сепак не се совршени. Овие диви животни не можат да скокаат.

Научниците се уште немаат точен одговор зошто е тоа така.

Најверојатно е тоа последица на нивната огромна тежина, но и релативно слабите мускули на нозете заедно со крутите, нефлексибилни зглобови – вели професто од Кралскиот Ветеринарски Колеџ во Лондон.

Тој тврди дека за животните што сакаат да скокаат имаат неопходност од флексибилни зглобови на нзоете, како и релативно силни Ахилови тетиви и мускули, а слоновите тоа го немаат.

Овој научник, кој својата кариера ја посветил на исражувањето на моториката на слоновите, вели дека тие се животни кои обично поминуваат долги релации, но ретко кога трчаат и тоа само на кратка одалеченост. Освен тоа, не можат да трчаат побрзо од 24 километри на час, што значи дека не постигнуваат скок дури ни за време на трчањето, затоа што секогаш имаат барем по една нога на земја.

За разлика од нив, другите големи животни успеваат да соккаат и тоа за време на трчањето, па дури и носорозите го прават тоа.

Мора да постои нешто што носорозите ги прави единствени во однос на слоновите, но до тој одговор науката се уште не стигнала – вели професорот.

Било како било, на шега вели професорот, слоновите и подобро да не скокаат затоа што тоа може да им нанесе и повреди.

Познато е дека поголемиот дел од животните го користат скокот, како и за избегнување на опасност. На пример, помалите, посилни и брзи животни мораат да ја користат брзината, флексибилноста и скокот да избегаат од предаторите. Слоновите не мора да скокаат, баш поради нивните огромни димензии, сами по себе се најдобар вид на одбрана – вели британскиот научник.