Зошто Коце Трајановски манипулира дека немало излевање на Стајковско езеро?

0
436

Дури дванаесет дена по катастрофалната поплава градоначалникот на Скопје Коце Трајаноски го посети Стајковското езеро и ги демантираше тврдењата на околните жители дека езерото било излеано.

„Слободна Македонија“ во неколку наврати објави видеа со изјави на жители дека водата што ги поплавуваше „Камник“ и Синѓелиќ на 07.08.2016 доаѓа од правец на Стајковското езеро.

Наспроти обидот за манипулација на Коце Трајановски дека Стајковско езеро не се излеало, затоа што браната не попуштила, сателитските снимки од „Коперник“, кои се направени на четири дена по поплавата (на 10.08.2016), посочуваат излевање на езерото токму во правец на Камник и Синѓелиќ.

spoj3

Монтажа од снимки од „Коперник“: Состојбата од 10.08.2016 и претходно

Зошто градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој е и командант на кризниот штаб на Скопје, се обиде вчера да ја манипулира јавноста дека немало излевање на Стајковското езеро?

Извор: Слободна.мк