Зошто аналниот секс не е за секого

0
757

Аналниот секс е многу деликатна тема, токму како што и самиот чин е деликатен. Конечно излезе од сенката на табу и стана сѐ почеста тема на разговор. А зошто и да не! Аналниот секс е најнормалната форма на сексуално однесување кој може да пружи огромно задоволство. Она што не би требало да правите е да го сфаќате површно.

missyou

Конечно престана срамот поради уживањето во аналниот секс, па за него сѐ повеќе се зборува и се пишува, но некои работи сепак не се кажани. Иако сѐ повеќе луѓе испробуваат и отворено зборуваат за сопствените искуства, сите како да забораваат да го нагласат фактот дека тој не е секојдневна рутина и дека не смее така да се третира, пишува Елит дејли.

За да биде пријатен, не е доволно само „да се влезе на задна врата“. Не е толку едноставно. За  анален секс потребна е физичка и психичка подготовка и токму затоа би требало да биде резервиран за вистинскиот партнер, маж во кого имате доверба и со кого се разбирате.

Дупка за сопругот

 

Затоа и Елит дејли ја смисли фразата дупка за сопругот. Оваа фраза разговорно се користи за жени кои не сакаат да практикуваат анален секс со секој попатен љубовник. Секако, тоа не значи дека треба да чекате да се омажите за да се впуштите во истражување на аналниот секс, туку тој чин да го резервирате за маж со кого имате развиен однос.

Еве и зошто: во аналниот секс има многу работа. Нема ништо обично во фактот дека туѓо тело влегува во аналниот отвор – во спротивна насока. И колку и да е пријатно чувството , за да се постигне уживање, потребно е многу труд и трпение. Значи, не е доволно само некој попатен фраер да ве праша „еј, може да ти го ставам од позади“. Процесот мора да биде нежен и внимателен.

Аналниот секс не е предјадење

 

Аналниот секс никако не е предигра. За да биде изводлив, телото мора да биде опуштено. Токму поради тоа аналниот секс не е за секого. Потребно е да имате доверба и да се чувствувате сигурно, инаку може да биде многу болно искуство, а задоволството нула.

Ниту една жена никогаш на маж кој по пет минути познавање сакал „да ѝ го стави во газ“ не му рекла „е супер“ и потоа да ужива во тоа. Не. За уживање во аналниот секс важни се довербата, разбирањето и чувството на сигурност.

Анален секс треба да се заслужи

 

Не мора да прифатите анален секс само за да му се допаднете на мажот. Мажот на кого аналниот секс му е нормална работа не е нормален маж и очигледно не разбира колку е макотрпно да се има анален секс. Како прво, морате да го исчистите аналниот отвор, да се ослободите од стравовите и непријатноста и дури тогаш да почнете да се опуштате. Не постои жена која слепо верува на непознат човек. Затоа, мажот кој површно го сфаќа аналниот секс, не е вистинскиот. Не го заслужил.